Во Културно информативниот центар на Македонија во Загреб денеска ќе се одржи уметничка вечер со Томислав Османли.

Македонскиот автор ќе биде претставен како писател, драмски автор и теоретичар на стрипот и  творец со четиридецениско присуство во македонската култура и уметност.

Кон повеќестраниот опус на Османли ќе се осврне Наталија Поповска, директорка на македонскиот КИЦ во Загреб, а за неговиот прозен и дел од драмскиот опус ќе говори режисерот и писател Матко Сршен, професор на Факултетот за драмски уметности во Загреб.

Медијатор на уметничката вечер ќе биде професорот Ивица Баковиќ, раководител на Катедрата за македонски јазик и литература при Филозофскиот факултет во Загреб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.