Две уметнички дела на американскиот уметник, основачот на поп-културата Енди Ворхол, се украдени оваа недела при кражба во галерија во Холандија, извести BBC.
Инцидентот се случил во петокот вечерта во галеријата MPV во провинцијата Северен Брабант.
Крадците првично зеле четири дела од серијата „Квинс“ на Ворхол, но оставиле две во близината, изјавил сопственикот на галеријата за холандската телевизија NOS.
Ги земале со себе делата кои ја претставуваат покојната кралица Елизабета Втора и данската кралица Маргарета Втора, којашто абдицираше од престолот на почетокот од годинава.
Локалната полиција, која го истражува инциденот, соопшти дека се чини оти имало некаква експлозија и дека галеријата и околните згради биле оштетени. Наведува и дека крадците избегале со автомобил.
Според NOS, два други дела во ситопечат од серијата што ги прикажуваат и холандската кралица Беатрикс и кралицата Нтомби Тфвала од Есватини, очигледно не ги собирало во возилото на крадците.
Четирите уметнички дела биле чувани во галеријата пред саемот за уметност PAN Amsterdam која ќе се одржи во Амстердам кон крајот на овој месец, каде што требаше да се стават на продажба како серија.
Тие се дел од опусот „Reigning Queens“ од 16 ситопечати на четирите кралици кои Ворхол ги направил во 1985 година, две години пред неговата смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.