Своето десетгодишно постоење училиштето за театар „Од игра до претстава“, го одбележа со промоција на првата книга, која преку текст и илустрации презентира стотина практични игри за поттикнување на креативноста, емоционалните, интелектуалните  и социјалните вештини кај децата.

Автори на практикумот се режисерот и театарски едукатор Игор Ивковиќ и актерката Афродита Кирјаковска.

Овие стотина игри се наменети за деца од школска и предшколска возраст кои го поткреваат креативниот потенцијал, социолошкиот карактер кај децата и влијаат многу на развојот на психологијата на личноста кај децата, вели Ивковиќ.

Цитирајќи го Дејан Дуковски, „за да се случи театар треба да има драма“, Ивковиќ истакна дека тој конфликт се создава со сите овие игри во зависност од креативноста и исполнетоста на предавачите.

Поминаа илјадници деца и следејќи ги сега има голем број добри уметници, режисери, актери кои излегоа од овие студија, меѓутоа и оние што не се определиле за оваа професија сите до еден се успешни и добри луѓе, позитивни, рече Кирјаковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.