Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето на 60 години од поплавата во Скопје која се случи на 16 ноември 1962 година, ја подготви изложбата „Убавиот бунтовен Вардар” на авторката Зоја Богдановска, кустос во Музејот. Изложбата ќе биде отворена денеска во изложбениот простор во Музејот на Старата скопска чаршија. Во Кинотека пак, ќе биде прикажан документарниот филм „Стихија“ од 1962 година во режија на Бранко Гапо и Трајче Попов.

„Изложбата ја презентира историјата на поплавите во градот во последните три века, од времето кога се евидентирани во пишаните извори за Скопје. Акцентот е ставен на поплавата која што се случила на 16 ноември 1962 година. Мноштво фотографии проследени со историски податоци, одблизу не запознаваат со голема та несреќа. Изложбата е збогатена со разгледници од музејската збирка, кои ќе ни пружат можност да ѝ се восхитуваме на убавата, но бунтовна река Вардар, претставена во сета своја бујност, убавина и суровост“, наведоа од Музеј на град Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.