Климатски активисти ја испрскаа позната слика од уметникот Густав Климт „Смрт и живот“ со црна течност која личи на нафта во Музејот Леополд во Виена.

Од австрискиот огранок на климатската организација „Последна Генерација“ изјавија дека ја избрале како мета сликата од 1915 година во знак ба протест за користењето на енергија од фосилни горива на нивната Влада.

Во видео од инцидентот, кој организацијата го објави на социјалните мрежи, може да се види како активистите прскаат со течност врз сликата „Смрт и живот“ на еден од најпознатите австриски сликари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.