Во четврток, 16 мај, во 13 часот, во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (големиот амфитеатар, А3) во Скопје, ќе се одржи разговор на тема „Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност“.

Учесници на разговорот што го организираат Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се професорките Маја Бојаџиевска, Весна Мојсова-Чепишевска и Елизабета Шелева, како и писателите Владимир Јанковски и Петар Андоновски. Разговорот ќе го модерира Ѕвездан Георгиевски.

Настанот се одржува во рамките на одбележувањето на јубилејот 25 години од наградата „Роман на годината“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.