„Јазикот културно богатство на цивилизациите” е насловена трибината што денеска ќе се одржи во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, во рамки на манифестацијата „Денови на европско Скопје 2022″.

Трибината ја организира Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, со поддршка од Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје.

Како што најави организаторот, со свои презентации на трибината ќе настапат учениците од средните училишта на град Скопје под менторство на м-р Филип Белчев од Институтот за македонски јазик.

Сите учесници на трибината ќе имаат можност да ја посетат Спомен-собата на Крсте Мисирков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.