„Најсреќниот човек на светот“ на македонската режисерка Теона Стругар Митевска на вчерашната завршна церемонија на Филмскиот фестивал на словенечки филм во Порторож, освои три награди.

„Најсреќниот човек на светот“ ја освои наградата за најдобра малцинска копродукција, што ја доби режисерката Стугар Митевска и копродуцентската куќа „Вертиго“. Филмот ги доби и наградите за најдобра костимографија, за Моника Лорбер, како и за најдобра шминка – за Мојца Горогранц Петрушевска.

Во петокот филмот имаше премиера на Филмскиот фестивал во Загреб каде што публиката коментираше дека станува збор за „најдобар филм за босанската војна направен од македонски автор“.

„Сестри и брат Митевски продукција“ соопштија дека македонската копродукција „Празник на трудот“ на Пјер Жалица ја освои главната награда Гранд При на штотуку завршениот филмски Филмскиот Фестивал во Варшава.

Македонскиот национален претставник за Оскар „Најсреќниот човек на светот“ игра на редовниот репертоар на кино „Милениум“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.