На 17-ти и 18-ти јуни во 10 ч., професорот г. Јуџи Јамада, ќе одржи предавање „Трансформации: нинџите и сликата за нив во светот и во Јапонија“ на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Професорот Јамада е специјализиран за средновековна јапонска историја и култура на Универзитетот Мие во Јапонија и во понеделник и вторник ќе се фокусира на историските факти за нинџите чија слика во модерната поп-култура е модифицирана и хиперболизирана.

Предавањето е во организација на Јапонската фондација, Институтот за антропологија и етнологија при ПМФ, Друштвото на македонско-јапонско пријателство и соработка и Амбасадата на Јапонија.

Meстата за 17-ти се пополнети, пријавете се за второто предавање на 18ти, на [email protected].



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.