Актерот Трајче Ѓоргиев ќе биде погребан утре, а комеморацијата ќе се одржи во вторник, објави Македонскиот народен театар.

Нашиот драг актер Трајче Ѓоргиев во понеделник на 5 јуни од 14:00 до 15:00 часот ќе го испратиме кон вечниот дом во капелата на градските гробишта Бутел, а комеморацијата на која семејството, блиските пријатели, колеги и познаници ќе му оддадат почит, ќе се оддржи во вторник на 6 јуни во Македонскиот народен театар во 12:00 часот, објави МНТ.

Актерот почина на 56-годишна возраст.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.