Изложбата „Траги од два света“ претставува ексклузивна колекција на дела од современи словачки уметници, со фокус на цртежот и графиката и нивните преклопувања со други уметнички дисциплини.
Оваа изложба е дел од проектот „Словачки уметнички патишта 2024“, кој има за цел да ја претстави словачката визуелна уметност на меѓународната сцена и да ги поврзе уметниците со меѓународни мрежи. Изложбата промовира меѓукултурна соработка и поттикнува дискусии за важни социјални и еколошки прашања. Посетителите ќе имаат можност да ги откријат динамичните и иновативни пристапи на словачките уметници кон современата визуелна уметност.
Куратори: Бранислав Журко, Адам Мачко
Учесници: Игор Бенча – Луција Фабова – Марек Халаш – Адам Мачко – Роберт Макар – Матуш Мататко – Ева Мофларова – Јулијана Мрвова – Станислав Пиатрик – Владимира Вајс Савканичова – Дениса Славковска – Патрик Шевчик – Петер Валиска-Тимечко – Владимир Вајс.
Времетраење: 15 август – 30 септември 2024 година
Отворање: 15 август (четврток) 2024 година во 19:00 часот.
Перформанс: Матрицата како ринг – Петер Валиска-Тимечко и Станислав Пиатрик / 15 август (четврток) во 20:00 часот.
16 август (петок)
– 09:30 часот / Перформанс: Корео_графика – Петер Валиска-Тимечко и Томаш Савканич
– Работилници: 10:00 – 12:00 часот
Акциона графика — Петер Валиска-Тимечко,
Градски структури (фротаж, монотипија) – Станислав Пиатрик
-Предавање: 13:00 – 14:00 часот
Словачка визуелна уметност и местото на акционата графика
(Петар Валиска-Тимечко и Бранислав Журко)
-Водена тура на изложбата и разговор со уметниците: 14:00 часот
модератори: Бранислав Журко, Адам Мацко
Место: Галерија на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Булевар 8-ми Септември бр.10, 1000 Скопје Македонија.
Производство: pointA o.z. Slovakia
Копродукција: Факултет за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Влезот е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.