Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) и оваа година ја организира една од традиционално најзначајните групни изложби која претставува селекција на ликовна продукција на тема одредена од интернационален куратор – „Зимски салон“.

Годинешна кураторска тема е „Интимност и интерконекција“, а кураторка е Оксана Карповец од Украина. Концептот „Интимност и интерконекција“ претставува истражувачко поле во кое уметниците ги претставуваат сопствените релации со оваа тема во различни ликовни медиуми.

„Историски гледано, оваа изложба е клучна во однос на смелите уметнички дебати и поставки со кои се потврдува улогата на визуелните поставки како рефлексија на општеството, со независност која служи како платформа за експериментирање и  предизвикување на постоечките конвенции во потрага по нови идеологии и начини на израз“, се вели во најавата.

Отворањето на поставката е на 22 февруари (четврток) во Чифте амам со почеток во 20 часот

Биеналната изложба „Зимски салон“ е дел од програмските изложби и проекти на ДЛУМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.