Националната установа „Турски театар“ вечер со почеток во 20 часот, на сцената на Театар Комедија, премиерно ќе ја изведе претставата Тик-Так.

Адаптација и режија на претставата работена според мотивите на Лорен Бафој и Висенте Вилануева припаѓаат на Синиша Ефтимов, а улогите ги толкуваат Селпин Керим, Осман Али, Неат Али, Несрин Таир, Ебру Мусли, Филиз Ахмет и Бурханедин Ибрахим.

Во текот на изведбата ќе се проектира и превод на македонски јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.