Ликовниот педагог Теондолинда Паскуал од Португалија е избрана за претседателка на жирито за годинешната 42. меѓународна детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“, која почнува утревечер во Битола.

Ликовниот педагог Паскуал, заедно со Всеволод Романков од Русија и Марија Дима од Романија, до 30 мај, секојдневно ќе ги оценуваат ликовните творби на учесниците на колонијата и ќе доделуваат „Награда на денот“, информираа организаторите на „Мал битолски Монмартр“.

Најновото издание на детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ свечено ќе биде отворено утревечер со врачување на наградата Гран при која годинава им припадна на младите членови на детското студио „Simply Art“ од Хонг Конг, Кина.

На публиката ќе им биде презентирана 41. Меѓународна детска ликовна изложба „Битола 2023“ со дела од светскиот детски ликовен конкурс на кој со одлука на меѓународна жири комисија посебни награди – златна палета ќе добијат ученичките Леа Стерјев, Ана Полизовска, Сара Наумовска, Марија Јанкуловска и Сирма Спиркоска, а диплома ќе им биде доделена на Никола Тасевски, Јана Талевска, Фросина Полизовска и Томисла Атанасовски, дите членови на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола, организатор и домаќин на детскаката ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.