Театарскиот режисер Дејан Ангелов (соработник на колективот Транзен, Струмица/@Здружение за култура -Транзен), како претставник од Македонија, е селектиран да учествува во програмата Emerging Artist Participating in the 2022 World Theatre Day Celebration (online event of the 60th Birthday of World Theatre Day on 27 March 2022), иницирана и организирана од екипата на Германскиот центар ITI и International Theater Institute UNESCO, Париз/Шангај. Координатори за Македонија: Македонски центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА.

Дејан Ангелов роден на 9 Март 1991. Основно, средно и високо образование завршува во родниот град Струмица. После дипломирањето на универзитетот ФОН во родниот град, започнува да работи во насока да ја реализира својата најсилна страст, желбата да се занимава со театар.

Во 2015 година конкурира во НАТФИЗ „Крсто Сарафов” – Софија Р. Бугарија отсек театарска рeжија и е примен во класата на проф. Маргарита Младенова. Во вториот семестар од втората година на студиите решава своите знаења за театар да ги прошири. Користејќи ја можноста која му се нуди преку Еразмус + стипедниите заминува во академијата за драмски уметности во Загреб. Таму еден семестар студира како дел од класата на проф. Озрен Прохич. Својот престој во Загреб го заокружува со успешна премиера на претставата „ Dies irae” текст на македонската авторка Жанина Мирчевска на сцената на учебнито театар во академијата.

Претставата е оценета со највисока оценка. Се враќа во НАТФИЗ „Крсто Сарафов” каде што го продолжува своето студирање уште две години се до неговото дипломирање во 2018 година со претставата „ Иванов” текст на А.П. Чехов. Дипломира како најдобар студент и го добива признанието „Нај, нај” што го доделува академијата на своите најдобри студенти.

По дипломирањето заминува повторно во странство како стипендист во Вилниус, Литванија, каде присуствува на пробите на класата на големиот литвански режисер Оскарас Куршоновас.

По враќањето од Литванија конкурира на конкурсот „Млад режисер” што го објавува секоја година НАТФИЗ „Крсто Сарафов” предвидено за дипломирани режисери од нивната академиja, и во една доста сериозна конкуренција успева да го освои. Таму во 2019 година ја реализира претставата „Три Сестри” од А.П. Чехов што е дел од репертоарот на театарот на академијата.

По враќањето од Софија во театарот во родниот град ја прави монодрамата „Кротка” по текст на Ф.М. Достоевски која на меѓународниот фестивал за монодрами во Корча Р.Албанија е удостоена со наградата за најдобра машка улога. Ја прави и претставата „Каин” од Џ.Г. Бајрон во 2020 година, во алтернативен простор. Сите проекти во родниот град се реализирани и финансирани со помошта на невладинoто здружение за култура „Транзен”. Последен проект којшто скоро доживеа и премиера беше монодрамта од бугарскиот писател и режисер Јордан Славејков  „Викториja” во театарот Антон Панов – Струмица повторно во продукција на невладината организација за култура “Tранзен”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.