Кинотеката, по традиција, првите денови од Новата година им ги посветува на најмладите љубители на филмот и на тинејџерите. Тие од средината на јануари 2022 година ќе имаат можност да погледнат неколку интересни наслови.

Денеска на програмата се филмовите „Биби, Боби и една снешкастична Нова година“ и „Антоанета во Севените“ .

15 ЈАНУАРИ (САБОТА), 12:00 ч. 13:00 ч. 18:00 ч.

БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА

15 ЈАНУАРИ (САБОТА), 19:00 ч.

АНТОАНЕТА ВО СЕВЕНИТЕ

БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА

(Волшебна новогодишна бајка со Биби и Боби)

Анимиран филм, Македонија

2021, 40 мин., колор, ДЦП

Режија: Никола Чикос

Гласови: Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски, Сашка Димитровска

 

Весела новогодишна ноќ во домот на Биби. Биби, Зази, мама Ана и тато Тино се подготвуваат да ја китат елката, а на гости се дојдени и Боби и Зина. Некој прави колачиња, некој изведува магионичарски трикови, се пеат весели песнички и… никој не насетува какви волшепства, изненадувања и најнеобични пријателства ќе им донесе на Биби и Боби оваа „снешкастична“ Нова година. Јееј!

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 150 денари

АНТОАНЕТА ВО СЕВЕНИТЕ

(Antoinette dans les Cévennes / Antoinette in the Cevennes)

Игран филм, Франција

2020, 97 мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио: Каролин Вињал (Caroline Vignal)

Улоги: Лор Калами, Бенжамен Лаверн, Оливија Кот (Laure Calamy, Benjamin Lavernhe, Olivia Côte)

 

Филмот на Вињал е инспириран од романот „Парување на Севените со магаре“ (Travels with a Donkey in the Cévennes) на шкотскиот писател Роберт Луис Стивенсон (Robert Louis Stevenson), кој творел кон крајот на 19 век.

Антоанета со нетрпение со месеци го чека летото поради ветувањето за една недела одмор со нејзиниот љубовник Владимир. Но, кога тој го ќе го откаже одморот за да замине на Севените со жена му и со ќерка му, Антоанета не се мисли: и таа заминува по него!

Кога ќе стигне таму, нема никого, освен магарето Патрик, кое ќе ѝ се придружи во текот на ова оригинална авантура…

Актерката Лор Калами ја освои националната француска награда „Цезар“ за најдобра глума, а филмот беше номиниран во десетина категории за оваа награда.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.