Театарската претстава „Мајсторот за спомени“ по текст и режија на Јане Спасиќ, во продукција на независното здружение Артопија денеска ќе биде изведена во МКЦ – Скопје.

Успешен психотерапевт, со специфични методи на терапија, кои се состојат од менување на сеќавањата на своите пациенти, полека ги губи своите спомени. Преку неговата борба да ги зачува своите спомени, претставата ги истражува сеќавањата и нивната поврзаност со театарот и животот.

Во претставата играат актерите: Ненад Митевски, Елена Кузманов, Мартин Јорданоски, Бојан Кирковски Симона Спировска и Анастасија Аневска.

Сценографијата е на Мартин Манев, костимите се на Бранкица Јордановска. Дизајнер на светло е Владимир Димоски, композитор Дарија Андовска

Билетите се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.

Претставата ќе се игра во салата Фросина во терминот од 21 часот. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.