Во четврток 18 јануари 2024 година, во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската претстава „Чудесна терапија“ од авторот Даниел Глатауер, а во режија на Димче Николовски.

драмтург: Александра Бошковска
автор на песна: Давид Матевски
костимограф: Раде Василев
превод од германски јазик : Дориана Кокиноска Ристевска

 

Улоги:
ТЕРАПЕВТОТ – СОЊА СТАМБОЛЏИОСКА
ЈОАНА – МАЈА ВЕЉКОВИЌ ПАНОВСКА
ВАЛЕНТИН – ПРЕДРАГ ПАВЛОВСКИ

инспициент: Жарко Намичев
суфлер: Даница Илиева
тон – мајстор: Чедомир Младеновски
светло – мајстор: Дејан Блажевски

 

Големината на една интимна врска меѓу двајца, се мери преку одговорот на прашањето: Дали успева да постои и надвор од љубовта?
Животот е генератор на пречки кои ја носат врската во неочекувани насоки и проблеми. Начинот на кој се справуваме со нив, може да ја зацврсне, а може и потполно да ја уништи. Во ваквите моменти, комуникацијата е единственото ненасилно и ефикасно оружје што го поседуваме.

Комуникацијата е универзална способност на секој човек. Но, дали знаеме вистински да комуницираме? Се чини едноставно, но во врска, сакале или не, се’ станува комплицирано. Понекогаш и до бескрај. Разговорот знае да прерасне во кавга, кавгата во конфликт, а конфликтот во војна. А проблемот, наместо да биде решен, да роди нов, поголем проблем. Зошто е важно да разговараме? Како да разговараме за вистински да ни помогне? Оваа претстава се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска. При тоа, безусловно е свесна дека во комуникациската еволуција, човештвото има уште многу етапи што треба да ги совлада – Димче Николовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.