Во сабота, 20 јануари 2024 година, со почеток во 11:00 часот во „Паблик рум“  во Скопје, најмладата публика ќе може да ја погледне претставата „Супер Вселенко и роденденската торта“.

Супер Вселенко доаѓа во магичната шума и се вработува како дистрибутер на торти. Но таму живее Гавранко кој упорно сака да ги уништи тортите. Низ низа предизвици, интерактивни игри и разговори и преку ликовите на Вселенко, Еленко и Гавранко отвараме една важна тема за дискусија: прифаќање на различитостите.

Интерактивна и забавна претстава за деца 3+ од едукативен карактер!

Цена на билет: 220 дененари

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.