Во Младинскиот културен центар, Скопје на 23 и 24 октомври ќе се одигра премиерата и репризата на театарската претстава „Кенди“.

„Кенди“ е во режија и адаптација на Тамара Стојаноска, а улогите ги толкуваат Лео Поповиќ и Бобан Алексоски, во продукција на театар „Златен Елец“Скопје.

Се работи за дуодрама во која се зборува за зависноста кај младите, со фокус на опијатната зависност според романот на Лук Дејвис (Candy: A Novel of Love and Addiction), авторски текстови и материјали од ХОПС – Опции за недостатоци во здравствениот систем и идни случаи на предозирање и злоупотреба на дроги, информираат од МКЦ.

Проектот е реализиран со поддршка од Министерство за култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.