Вечерва, на 17 јануари во 19 часот во Театарот „Сенки и облаци“ кој се наоѓа во Дебар Маало ќе се одигра „ЏИНче“, театарска претстава за деца со сенки.
Претставата е работена по мотиви од книгата „Најдобриот џин во градот“ од Џулија Доналдсон.
„ЏИНче“ – театарска претстава за деца со сенки и Џин кој е избркан од нивниот свет. Претстава за искреното другарство, кое сите предрасуди ги фрла во „сенка“. Ќе ве однесеме на една авантура низ градот на сладоледите, ќе пловиме со еден чуден капетан, ќе јадеме бурито во Мексико и ќе се дружиме со една откачена Лисица-Мисица, велат од Театарот „Сенки и облаци“.
Претставата е наменета за деца над 4 години. За да присуствувате, потребно е да се направи резервација во инбокс на ФБ страна на Театарот Сенки и облаци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.