На почетокот на следната година Театар Комедија во ко – продукција со Перипетија Продукција ќе реализира театарска претстава како дел од проектот ПРОСПЕР (ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии). ПРОСПЕР е мултидисциплинарен проект ко – финансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија и Министерството за култура на Република Македонија кој го рализираат 5 партнерски организации: ЛУП (Грција), Ехо анимато (Србија), Ојун (Германија).

ПРОСПЕР има за цел зајакнување на меѓународната културна соработка и методологиите за интегрирање на еколошките прашања во уметничките практики, создавање на нова публика и зајакнување на видливоста на европските уметници. Претставата ќе биде инспирирана од: истражувањата, практиките и делата на 8те уметници кои беа дел од меѓународната резиденција во Охрид, реализирана како дел од проектот во април оваа година, чиј приоритет беше истражување на еколошките предизвици со кои се соочуваат Охридското Езеро и населените места во негова близина.

Претставата ќе ја реализира меѓународен тим на уметници, во соработка со ансамблот на Театар Комедија, а дополнителни детали околу насловот, актерската екипа и датумот за приемиерната изведба ќе бидат објавени на почетокот на следната театарска сезона.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.