„Татко на татковината“ е новата премиера во Народниот театар – Битола која ќе се случи на 21 декември во 20 часот. Автор и режисер е Иван Пеновиќ.

Во претставата играат: Никола Пројчевски, Викторија Степановска – Јанкуловска, Мартина Мирчевски, Марјан Ѓоргиевски, Сандра Грибовска – Илиевска, Никола Стефанов, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Петар Горко, Соња Ошавкова, Филип Мирчевски и Иван Јерчиќ.

„Татко на татковината” е адаптација на култната драма на Алфред Жари, Кралот Иби, која дејствието на драмата, позната на нашите простори, го сместува во механизмот на телевизиска програма, која пак е поставена на театарските штици.

Оваа претстава во претстава ги доведува во судар двата света, оној отворено фиктивниот и оној што се преправа дека не е тоа. Во таа хаотична средба гледаме приказна што речиси со детски јазик ги отвора прашањата за идентитетот, како индивидуалниот, така и колективниот. Мама и Тато Иби го покренуваат дејствието во оваа претстава преку незаситното барање внимание, поставувајќи го чувството за припадност како основа во формирањето цврст идентитет.

Сценограф е Валентин Светозарев, а костимограф Благој Мицевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.