После премиерата на Горан Столевски, а во рамки на најсмелата и најпровокативна програма на Венециски филмски фестивал, „Авторски денови“, вчера, на 6 септември, својата светска премиера ја имаше и најновото филмско остварување на Теона Стругар Митевска „21 ден до крајот на светот“. Возбудената публика уживаше и во плодната дебата за суштинските прашања за слобода, слобода на израз, феминизмот денес, која се разви за време на сесијата за прашања и одговори по прикажувањето на филмот, соопштија од Агенцијата за филм.

Македонскиот филм доминираше на најстариот фестивал на филмот во Венеција, претставен преку тројца наши автори. Секој успех и секој автор говори сам за себе, но ваквото силно присуство во различни програми на тројцата наши режисери, остава национален печат и јас сум премногу горд што го доживувам овој значаен момент. Уште еднаш честитки за сите тројца, но и за екипите со кои ги сработија проектите, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.

Тамара Котевска на Венецискиот флмски фестивал како една од тројцата светски автори чии филмови влијаат на општеството и ја менуваат свеста на луѓето за важни социјални теми.

Таа ја раскажува приказната за создавањето на нејзиниот нов документарен филм „The Walk“, филм кој го следи пеколниот пат на бегалците од Сирија до Англија и кој го открива лицемерието на Европа во тој процес на “одење” од земја во земја.

Тамара Котевска е првиот режисер од Македонија која е поканета да биде говорник на овој исклучително важен настан во рамките на Венецискиот Филмски фестивал

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција вчера ја имаше својата светска премиера, токму на на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција. Премиерата заврши со овации и со честитки, а филмските критики се фантастични.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.