Светски познатиот дизајнер Мирко Илиќ и неговата патувачка изложба „Толеранција“ доаѓаат во Скопје. На 5-ти декември во 20:30 часот во просториите на Архитектонски факултет ќе се одржи предавање на тема „Дизајн активизам“, а ден подоцна, на 6-ти декември во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата на постери „Толеранција“.
Проектот „Tolerance“ е најмасовната изложба на постери во светот која досега е видена од преку 600.000 луѓе. Америка, Бразил, Јапонија, Кина, Германија, Словенија, Аргентина, Босна и Херцеговина, Италија, Хрватска, Португалија…се дел од 40-те земји каде била изложена изложбата во светот. Мирко Илиќ се инспирирал да го започне овој проект по филмскиот фестивал „Куќа на толеранцијата“ во Словенија уште во 2017 година, кога побарал од 28 уметници да направат постер за толеранција, каде единствениот услов е да напишат „толеранција“ на нивниот роден јазик. По овој настан, Илиќ со плакатите го обиколува целиот свет. Секогаш кога проектот за толеранција се појавува во нов град, локалните дизајнери придонесуваат за постојано проширување на каталогот на уметнички дела. Македонскиот дизајнер кој го изработи плакатот на темата толеранција за изложбата во Скопје е Никола Војнов. (www.nikolavojnov.com)
Мирко Илиќ е роден во Босна во 1956 година е познат стрип-уметник и графички дизајнер со седиште во Њујорк. Својата кариера ја започнал во Југославија, каде што станал истакната фигура на загрепскиот Нови Вал движење, дизајнирајќи култни омоти за албуми на бендови како Бијело Дугме и Прљаво Казалиште, како и постер за култниот филм „Ко то тамо пева“. По преселбата во Њујорк во 1986 година, Илиќ илустрирал за Time, The New York Times и The Wall Street Journal, пред да стане уметнички директор на Time International и The New York Times Op-Ed.
Во 1995 година, ја основал Mirko Ilić Corp. фокусирајќи се на дизајнирање на воведни наслови за филмови, визуелни идентитети на луксузни хотели и ресторани. Неговите дела се дел од колекциите на MoMA, Институтот Смитсонијан и SFMOMA.
Илиќ е и креатор на Tolerance Traveling Poster Show, меѓународна изложба која промовира глобално единство.
Во 2023 година, му беше доделена титулата почесен професор на Универзитетот за уметност и дизајн Мохоли-Наѓ во Будимпешта. Преку својата работа, Илиќ продолжува да ја обликува современата дизајн и визуелна култура на глобално ниво.
Мирко Илиќ и изложбата „Толеранција“ во Скопје ги носи Види Вака раскажувачко студио, во организација на Фондација ИДЕА Југоисточна Европа, поддржани од Bubblewrap Design Studio, Архитектонски факултет, ПроМедиа и New Moment.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.