Во чест на Светскиот ден на уметноста во Сули ан беше отворена изложбата на дела од студентите на Факултетот за ликовни уметности кои се претставија со слики, графики, цртежи, инсталации и дигитални дела.
Во дворот и на терасата на горниот кат свои дела изложија: Славчо Павлоски, Благоја Грозданоски, Андриана Милошевска, Ивона Петрова, Лусиана Ампева, Марта Патлиџанковска, Марија Ќурчиева, Ивона Младеновска, Горјана Калевска, Сара Милошевска, Никола Станковски, Валон Идризи, Ванеса Ода, Филип Ристевски, Мартин Калков, Мартин Буровски, Сихана Сејфулаи, Благица Трајкоска, Стефан Божиновски, Марко Печеновиќ, Марија Јаќовска, Теона Милева, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Сара Митковска, Габриела Живковска, Теодора Андоноска, Ева Симевска, Елена Стојкова, Симона Трајановиќ, Ангела Манчевска и Ивана Секулоска.
Се одржаа и проекции на студентски филмови од студенти на Факултетот за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, како и Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа – ФОН. Филмските проекции ќе се одржат во периодот од 15:00 – 16:00, во едно од ателјеата на горниот кат од Сули ан.
Со свои филмови учествуваа: Тина Величковиќ („Филм за Марјан Величковиќ – Мачор“, документарен филм, 2021, 17′ 25″), Розе Симоновска („Автопортрет“, 2021, 5′), Стефан Божиновски („Тука сум“, 2021, 22′ 05″), Ана Андонова („Малечка“, 2020, 14′ 56″).
По повод Денот на уметностите, група студенти од катедрата за графика на Факултетот за ликовни уметности припреми едно дополнително колективно дело. „Графичарски експонати“ е концептуален перформанс кој го посочува чувството кое го имаат студентите за време на својата работа во печатницата, која како дел од просторот на Сули ан е често посетувано место од љубопитни минувачи.
Учесници во перформансот „Графичарски експонати“ беа: Стефан Божиновски, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Габриела Живковска, Ева Симевска, Сара Митковска, Евгенија Трајковска, Теона Милева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.