Во рамките на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, вечерва со почеток во 19:00 часот, во книжарницата на „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“, ќе биде отворена изложбата на илустрации од книгите за деца, насловена како „Страници на фантазијата“.
На оваа изложба посетителите ќе имаат можност да ги погледнат најубавите илустрации од книгите за деца во издание на „Арс Ламина“: „Си беше еднаш“ (Наталија Лукомска), „Нови бајки од Македонија“ (Орце Нинески), „Рокчето“ (Анета Илиевска), „Девојче и мече“, „Девојчето и градот“, „Рекичето што сакаше да порасне“… (Ване Костуранов), „Бајки од Македонија“ (Катерина Николовска), „Мачката Мара шубара“ (Иванка Ниба), „Шила“ (Калиопи Трпчева).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.