Вечерва во 20 часот на сцената на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица премиерно ќе биде изведена претставата „Стилист“, работена според комедијата ,,Кројач за дами” на Жорж Фејдо, а во режија и адаптацијата на Синиша Евтимов.

Улогите ги толкуваат: Стојан Велков-Трн, Танкица Стојанова, Игор Тодоров, Оливера Аризанова-Мансбарт, Коста Ангов, Анкица Бенинова, Васил Михаил, Јулија Милкова и Ангелина Тренчева Ангелова. Сценографијата на Илина Ангеловска, а костимите на Ване Василев.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.