Ако згаснале едно чудо редакции за култура на телевизиите и на другите медиуми сосема е јасно дека културата во фокусот на јавноста е таму некаде на маргините, што е недопустливо за една мала земја. Културата е клучен ресурс и за внатрешните работи во земјата, таа е исклучително важна. Интеркултурниот дијалог во смисла на интеретничкиот дијалог, во смисла на институционалната и вонинституционалната сцена, независната, во смисла на извозен продукт на една мала земја која има со што да се гордее како во живата култура така и со културното наследство, рече министерката за култура во заминување Ирена Стефоска во „Утрински брифинг“.

Таа се сложува со констатацијата дека секторите култура и образование во владите на СДСМ секогаш се третирале како попатни сектори. Наследничката на Стефоска е петта министерка која ќе го преземе овој сектор и тоа е една неконзистетност на политиките.

Тоа не е впечаток, тоа е факт. Неконзистентност на владејачката партија во политиките во образованието и културата. Јас станав министер на покана на СДСМ, јас не сум член на партијата, но ја прифатив довербата која ми беше дадена, одговорно и професионално да се бавам во овие година и пол. Мислам дека во година и пол успеавме да ја поместиме културата од минус 100 во фокусот на владините политики до таму некаде, можеби до нула. На новата министерка и остануваат сите отворени процеси во културата, визии стратегии да ги продожи. Културата мора да си го заземе местото што и припаѓа. Културата не е само одење во театар и на концерт, културата не е само уметноста или како арт или литературата како книжевност. Тоа е толку широк поим. Култура е стил и начин на живеење, културата е вредносниот систем во едно општество, содржи обичаи, традиции и верувања и затоа е толку важна, нагласи Стефоска.

Целиот разговор овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.