Најновата илустрирана книга за деца „Стефан во Дино парк“ од авторката Александра Велинова викендов беше промовирана во Дино паркот во Скопје. Промотор на книгата е Марина Мијаковска, а оваа едукативна книга за деца од предучилишна и рана училишна возраст е дополнување на едицијата патувања „Стефан во магичниот град“ и „Стефан на прошетка со Ками во Египет“.

Стефан ги носи фановите на диносаурусите на незаборавно патување каде е исправен пред предизвиците да биде палеонтолог, да јава диносаурус, да лови диносауруси, да биде во нивна непосредна близина и сето тоа во еден Дино парк. Оние што ќе се приклучат на патувањето  покрај тоа што „слатко ќе се насмеат“ ќе имаат прилика да дознаат каде живееле, со што се хранеле диносаурусите и како изгледале. Автор на илустрациите е Игор Јовчевски. Книгата е во издание на ИК  „Едука Мак “, поддржана од Министерство за култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.