Вечерва во 20 часот во театарот „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ во Велес гостува Српско народно позориште од Нови Сад со претставата „Тартиф“, во режија на неодамна починатиот Игор Вук Торбица.

Претставата која е работена според мотивите од истоимената комедија на Молиер, а со подналсов „Комично во класичното“ е копродукција на Српско народно позориште Нови Сад и Народно позориште Сомбор

Улогите ги толкуваат Саша Тодоровиќ (Тартиф), Хана Селимовиќ, Нинослав Ѓорѓевиќ, Тијана Марковиќ, Марко Марковиќ, Билјана Кесеновиќ, Даница Грубачки, Марко Савиќ, Душан Вукашиновиќ, Немања Бакиќ, Милорад Капор и Драгана Шуша.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.