Вечерва, на 18 ноември, од 20 часот на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во ррамките на официјалната програма на Млад отворен театар (МОТ) ќе се одигра српската монодрама „Мајорот и Хелена“, авторски проект на Алекса Јовиќ по мотивите на истоимената книга на Маја Бекчиќ-Петровиќ.
Монодрамата „Мајорот и Хелена“ е авторски проект на Алекса Јовиќ, по мотивите на истоимената книга на Маја Бекчиќ Петровиќ во драматизација на Дивна Стојанов и во продукција на театарот Промена и продукцијата Облак. Претставата е работена по вистинитата приказна на Хелена Вуковиќ – некогашен мајор во војската на Србија и транс-жена. Монодрамата е сценска поставка на нејзиниот живот, од првото чувство дека е девојче, а не момче во патријархално семејство, преку обидот за потискување на сопствениот идентитет во конзервативното општество, до сегшниот спокој кога и физички станала тоа што отсекогаш била – жена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.