Во серијата нaсловена „Современи кореографски идентитети, во рамки нa фестивалот Танц Фест Скопје 2022, вечерва во 19 часот во Домот на АРМ во Скопје, ќе биде изведена претставата на кореографот Дејан Битровски и Скопје танцовиот театар 2, со студентите на Катедрата за танц при универзитетот „Гоце Делчев“, под наслов „09190“. Ќе настапат Сара Димоска, Јоана Благадуша, Андреј Димовски, Клара Христова, Микаела Ангела Глигорова, Стефани Шааршмит, Викторија Коцева и Емилија Милак.

Вечрва во 20 часот во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан филмот „Галантан Индија“ за короеографката Бунту Дембеле, која направи хип-хоп пизведба во Париската опера. Поддржано од Францускиот Институт во Скопје. Настанот е дел од програмата ан Танц Фест Скопје 2022.

Утревечер, на 16 април во 20 часот на Малата сцена на Националната опера и балет, ќе се одржи претставата „Популус“ на кореографот Филип Петковски. Во претставата ќе настапат Теодора Георѓиева, Стефанија Маневска, Марија Саздовска, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Дени Синадиновски, Антонио Стојчески и Балаж Лучеи. Костимографијата е на Антонија Гугинска Јордановска, Маја Ѓуреска и Гордана Божиновска, музиката на Дуке Бојаџиев, Влатко Стефановски, Љубојна, Борис Харфман, Хрвоје Црниќ, Мирослав Тадиќ, ДахаБраха, Мобајл Соул Систем.Камера и фотографијана Марко Марјановиќ, а графичкиот дизајн е на Ивана Мојсовска.

Популус (латински “народот”) е танцов перформанс кој има за цел да ги обработи и видоизмени сите оние танци и движења кои се врзуваат со традиционалната култура на заедниците кои го населувале овој простор. База и инспирација на кореографскиот опус се традиционалните танци на Македонците, Албанците, Турците и Ромите кои се синтезирани во современ и оригинален продукт. Она што е исто така новитет во овој процес е взаемната соработка на танчери кои се занимаваат со традиционален танц, балет, и современ танц, кои за прв пат работат и танцуваат заедно и учат едни од други.

Филип Петковски е кореограф, режисер и доктор на науки по културолошки студии и изведбени уметности. До 2020, Филип работи како асистент на Катедрата за светска уметност, култура и танц на УКЛА како и на Катедрата за историја на уметност. Тој е добитник на неколку престижни стипендии и грантови како Moss Scholars Award, The Tambruritzans Grant in Aid и стипендија од Европската комисија. Низ годините, Филип се јавува како режисер на 9 театарски претстави режирани во Македонија, Норвешка и САД, како и танцовиот филм vitro. премиерно прикажан на Танц Фест 2021.

Во понеделник, во Џепното кино на Младинскиот културен центар ќе има видео проекција на претставата „Послух“ на украниската короеграфка Кристина Слободјанјук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.