Утре ќе се одржи празничен собир во чест на Горан Стефановски, организиран од Делегацијата на ЕУ и Europe House Скопје. 

Настанот, со кој ги славиме приказните на Горан, по повод 70-годишнината од неговото раѓање, ќе се одржи утре, среда, 14 декември, со почеток во 17.00 часотво паркот со статуата на Горан во Дебар Маало.

На собирот ќе се обрати амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Дејвид Гир, а кон Горановиот живот и дело ќе се осврнат членови на неговото семејство, како и авторот Иван Антоновски, познавач и промотор на делото на Горан.

 Паркот со клупата на Горан ќе биде симболично празнично осветлен, и украсен со лампиони со цитат од Горан, преведен на сите јазици на ЕУ.

 За повеќе детали, повелете линк до Фејсбук настанотhttps://fb.me/e/78RpiseCz  (во случај на неповолни временски услови, неформалното дружење по обраќањата ќе биде преместено во Театарот на сенки и облаци, до гостилница Наџак), соопштија организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.