Со претставата „Таленти во движење“ на танцовата компанија „Кодартс“ од Ротердам вечерва во 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде отворено 19. издание на фестивалот „Танц фест“ кое се одржува под мотото „Танцувајќи создаваме иднина“.

Таленти во движење“ е во чест на 30 години дипломатски односи помеѓу Холандија и Македонија.

На отоврањето ќе бидат доделени наградите „Менада“ за поддршка на современиот танц, на Универзитетот „Кодартс“  од Ротердам, Холандија и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Интерарт културниот центар соработува со „Кодартс“ 15 години и со чија поддршка е основана првата едукативна програма за современ танц на универзитетско ниво во земјава и на Универзитетот „Гоце Делчев“ на кој во 2017 година се вдоми Катедрата за современ танц. Наградите ќе ги примат директорот на Кодаратс танцовата компанија, Кит Рандолф и проректорот за наука на универзитетот „Гоце Делчев“, професор д-р Зденка Стојановска.

Танц Фест Скопје е поддржан од Министерството за култура, Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, Амбасадата на САД во Скопје, УГД, Виталија, Бовин и мeдиумските партнери.

фото: Танц Фест Скопје



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.