„Ослободи ја својата фантазија“ е мотото на второто издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ што ќе се одржува од денеска до сабота во Скопје. Фестивалот го организира Театарот за деца и младинци.

Програмата е посветена на малите театарски форми. Свеченото отворање е со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, по што следуваат изведбите на претставите од повеќе меѓународни театри.

Во наредните денови публиката ќе може да ужива во претставите „Шума од песни“ на „Кускус“ Институт арт продукција од Љубљана, Словенија, „Бременските музиканти“ на театар „Бабец“ од Битола, „Ова сум јас“, на театарот „Поко локо“ од Загреб, „Момчето со куферот“ на Мал театар „Душко Радовиќ, „Пинокио и Црвенкапа во потрага по аладиновата ламба, во продукција на Албански театар за деца и младинци, „Среќна куќичка“ на госитите од Градскиот куклен театар од Ријека, Хрватска, „Бамби“ на Театарот за деца и младинци од Крагуевац и претставата „ERROR 404“ во изведба на Ангелес де трапо од Малага, Шпанија.

Годинава, се воведува и детско жири од седум деца на возраст од 9 до 12 години.

Фестивалот, годинава е поддржан од Минситерството за култура.

Претставите ќе се изведуваат на сцените на Театарот за деца и младинци, Театар Комедија, МНТ и Албанскиот театар за деца и млади, а цената на билетите е 200 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.