Со промоција на романот „Естом“ од Николина Андова Шопова во 19 часот и книгата „Скопски улици“ од Васко Марковски (20,30 часот) вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје почнува шестото издание на Фестивалот „Арт ареа/Артерија“ во организација на издавачката куќа „Бегемот“.
Мултимедијалниот Фестивал што ја поттикнува и промовира современата парадигма на интегративно и интерактивно културно дејствување ќе трае до 11 септември.
„Фестивалот ја пресретнува јасната општествена потреба за формирање и одржување зони на пресек на различните културно-уметнички полиња. Според своите план и програма, фестивалот претставува тридневен комплекс од јавни културни настани, обединети околу културната интермедијалност, односно поврзувањето на различните уметнички јазици, медиуми и практики: книжевност, музика, изведбени уметности (театар, перформанс), визуелни уметности (фотографија, филм, илустрација, цртеж, плакат, анимација), ракотворство…“, велат од „Бегемот“.
И оваа година, во три фестивалски денови ќе се вкрстат различни креативни медиуми. Ќе има изложба на фотографии, неколку книжевни промоции, дискусии, театарски перформанс, концерт, музика и дружење.
Фестивалот се одржува со поддршка од Министерството за култура и кафе-книжарницата „Буква“, каде што ќе се одвива целата фестивалска програма.
Целосната програма во продолжение:
(9–11 септември 2022)
Кафе-книжарница „Буква“
Изложба на фотографии: „Discrepancity“, Божин Трпевски
09.09
19:00 Промоција на романот „Естом“ од Николина Андова Шопова („Или-или“, 2022); промотор Владимир Јанковски
20:30 Промоција на книгата „Скопски улици“ од Васко Марковски („Бегемот“, 2022); промотор Ѓоко Здравески
21.30 Марсо ќе пушта музика
10.09
19:00 Панел дискусија (организатор издавачка куќа „Сказнувалка“)
Предизвикот на културолошкиот контекст во преведувањето книжевност за деца и млади
Положбата на книжевниот преведувач во македонското општество
Учесници: Милан Дамјаноски (модератор); Катерина Сотирова (книжевен преведувач); Александра Јуруковска (книжевен критичар); Искра Димковска (уредник)
20:30 Промоција на книгата „Илегален Парнас“ од Бојан Бабиќ („Бегемот“, 2021); промотор Иван Шопов, Бојан Бабиќ (автор)
21.30 Џез концерт – Букршлиев/Теодосиев/Мирческа
11.09
19:00 Дискусија: Редефинирање на (не)зависната театарска сцена
20:30 Промоција на книгата „Век со Конески, мигови со Блаже“ од Владимир Мартиновски („Бегемот“, 2022), промотор Душко Крстевски
21:30 Театарски перформанс – монодрама „Срам“ (aвторка и изведувачка: Ангела Стојановска)
Фестивалот се одржува со поддршка од Министерството за култура и кафе-книжарницата „Буква“, каде што ќе се одвива целата фестивалска програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.