Завесата на јубилејното издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски” во Крива Паланка е спуштена, а програмата ја затвори актерската екипа на Театар Комедија од Скопје со претставата „Анатомија на неверството”.

Петнаесеттиот театарски фестивал траеше десет дена, настапија девет театри од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и од Македонија. Благодарност до сите театри и актерки што го збогатија фестивалот и ја почестија публиката со претстави за паметење. Благодарност до граѓаните што во сите десет дена театар во Крива Паланка беа редовни посетители на претставите на штиците што живот значат во НУ Центар за култура, велат од Општина Крива Паланка, организатор на театарскиот фестивал.

По повод 15- годишниот јубилеј на МТФ „Св.Јоаким Осоговски“ на посебна свеченост на актерот и режисер Владо Денчов му беше доделена специјална повелба „Св.Јоаким Осоговски” за придонес во аудиовизуелни уметности и медиуми.

За достигањата на Денчов како театарски актер и тетарски и филмски режисер говореше Гоце Ристовски, уметнички директор на фестивалот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.