Со премиерната изведба на „Набуко“ од Џузепе Верди во Националната опера и балет во Скопје вечерва, на 9 мај, ќе биде отворено 51. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“.
Фестивалскиот оган за време на свеченото отворање ќе го запали маестро Томислав Шопов и ќе следи премиерата на операта „Набуко“, а на 12 мај ќе се прикажува балетот „Лебедово езеро“ од П. И. Чајковски. Поради големиот интерес на публиката, распродадени се билетите за „Набуко“ и „Лебедово езеро“.
На 17 мај ќе се прикажува операта „Кармен“ на Жорж Бизе, на 21 мај „Травијата“ од Џузепе Верди, а на 26-ти мај „Реквием“ од Џузепе Верди, каде што ќе свири оркестарот на Филхармонија и хорот на НОБ. На 31 мај свеченото затворање ќе биде со операта „Аида“. Со „Реквием“ на Верди ќе се одбележи и јубилејот 210 години од неговото раѓање.
Директорот на Национална опера и балет, Васо Ристов вели дека „Набуко“ последен пат била обновена на 25 февруари 2003 година. На редовниот репертоар последен пат била изведувана на 7-ми декември 2017 година.
Вердиевата опера во НОБ ја постави екипа од Италија: Ренато Бонајуто како режисер и Тереза Гаргано како асистентка, Флавио Арбети како сценограф, и Артемио Кабаси како костимограф. Ќе диригира Даниеле Аџиман исто од Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.