Со концерт на Факултетот за музичка уметност „Вруток“ во фоајето на Националната опера и балет (НОБ), денеска официјално ќе биде отворено „Скопско лето 2023“. Фестивалот почнува на првиот ден на летото и на Светскиот ден на музиката.

Според Љубиша Кировски од Факултетот за музичка уметност во концертот „Вруток“ се работи за извор, младешка енергија, нешто што е двигател во нашата средина.

Посебна чест ми е што ќе бидеме на отворањето на „Скопско лето“, кое има долгогодишна традиција. Мислам дека Факултетот ќе се претстави во полн сјај, со полн капацитет. На самиот концерт ќе бидат претставени сите наши ансамбли, потенцираше Кировски.

Организатор на фестивалот е Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.