Со ексклузивен концерт во Скопје на Белградската филхармонија под диригентство на легендата Зубин Мехта, а по повод 100-годишнината од нејзиното основање, заврши дел од иницијативата на Отворен Балкан, за поттикнување на моќта на културата и креативноста и нејзината единствена способност да ги зближи луѓето во дух на меѓусебно разбирање и почит. Со ваква дефиниција се огласи Министерството за култура.

Министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска го изрази своето задоволство од успешните концерти и ја истакна нивната улога во натамошното зајакнување на културните односи во рамките на Отворениот Балкан. Таа истакна дека ваквите настани служат како силен поттик за афирмација на локалните вредности во европски контекст.

Нашето единство во различностите е пораката што нé води низ евроинтеграциските процеси. Вака обединети, ние сме уште поголема сила за афирмација на локалните вредности пред Европа“ истакна министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа ја најави и претстојната заедничка изложба во Париз, настан кој дополнително ја нагласува посветеноста на Отворен Балкан за споделување и промовирање на уникатното културно наследство во европски рамки.

Успешното завршување на оваа серија концерти ветува добро за иднината на културната размена и соработка во рамките на Отворениот Балкан и дополнително ги зајакнува нивните заеднички европски аспирации, се вели во соопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.