„Снежана на крајот умира“ е дебитантски филм на Кристијан Ристески, а со неговата премиера се затвори годинешново 43-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.
Филмот на Ристески е дел од програмата за месец ноември во Кинотека на Македонија. Имено, филмот ќе се прикажува во следниве термини:
-17 ноември (четврток) 20:00 ч.
-18 ноември (петок) 18:00 ч.
-21 ноември (понеделник) 20:00 ч.
-22 ноември (вторник) 20:00 ч.
-23 ноември (среда) 18:00 ч.
Улогите ги толкуваат: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски, Давид Јанакиев.
Седум луѓе живеат во време и простор кои се во конфликт со нивните вредности. Откако ќе ѝ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува „мајка“ на Боби, 20-годишен arkoman. Маја е „волк самотник“, не комуницира „очи в очи“ со луѓе, а Игор е „риба надвор од вода“, има Аспергер синдром. Иако не би требало да имаат прилика да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детство, „маалска екипа“ која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, релативизацијата на моралот и агресивната инвазија на политиката врз нивните животи – се вели во описот на филмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.