Претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен на македонската режисерка Нела Витошевиќ, на Местно гледалиште Љубљана, Словенија вечерва во 20 часот ќе гостува на фестивалот РУТА во Драмскиот театар во Скопје. Премиерно, „Нора“ беше изведна на 3 март годинава.

Драматург е Петра Погоревц, сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча.

Улогите ги толкуваат Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек. Претставата трае два часа без пауза и е обезбеден превод на македонски јазик.

„Нора“ е приказна за навидум среќно мажена мајка на три деца. Нејзиното семејство, по долги години откажувања, ужива удобен живот, затоа што нејзиниот сопруг Торвалд Хелмер добива работа како директор на банка. Сè би било во совршен ред доколку Нора не ја прогонува непромислениот чин што го направила во минатото од љубов кон својот сопруг.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.