Сликовницата „Лефти и Рајти си најдоа дом“ од Наташа Дукоска, во издание на „Чудна Шума“  викендов беше промовирана во „Јавна соба“.

Промоцијата беше проследена со театарска претстава и работилница за деца.

Ликовите од сликовницата – белата блуза Лефти и панталоните Рајти се оживеани благодарение на актерите Гоце Андонов, Ана Димитрова и Надица Дојкоска од „Театар за тебе“.

Режисер на претставата е Изабела Јакимова.

„Театар за тебе” e организација која е активна една година и која создава претстави и работилници за деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.