Ревитализацијата на Скопското Кале ќе продолжи откако новоформираната комисија ќа ја утврди актуелната состојба во која се наоѓа запуштената тврдина, која потекнува од 6 век, а потоа ќе се пристапи на довршување на реконструкцијата. Се очекува Калето да биде реконструирано до март следната година. Ова го кажа професорот Драги Митревски, на одржаната платформа во владата, на тема „Мерки и политики за развој на образованието, културата и туризмот и спортот“. Според Митревски, завршени се скоро 90% од активностите од првата фаза за обнова на Скопското Кале, а со нејзино финализирање, тврдината ќе биде достапна за туристите.
Со реализација на првата фаза, која што всушност треба да го врати Калето во онаа состојба, во која што беше во 2017 година, уште со реализација на таа фаза, Калето ќе биде спремно за туристичка експлоатација и ќе може да се стави во таа функција“, изјави Драги Митревски, раководител на Работната група за ревитализација на Скопското Кале.
За комплетна ревитализација на оваа културно-историска знаменитост ќе бидат потребни уште две до три фази. Според Митревски, Калето заедно со Аквадуктот, римскиот град Скупи и црквата Свети Пантелејмон, го прават Скопје град со вредности , кои се во врвот на европската култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.