Затворањето на манифестацијата „Скопско лето“ 2022 ќе се случи со Европска промоција на албумот „Click right here“ џез концерт на Ори Даган (Ori Dagan) – вокал, Канада, на плато на Ист гејт мол, со почеток во 21:00 часот.
Трајче Велков – труба, Кирил Кузманов – алт саксофон,
Иван Иванов -тенорсаксофон,
Сашко Николовски – тромбон,
Гордан Спасовски – пијано,
Зоран Костадиновски –гитара,
Кирил Туфекчиевски – контрабас,
Виктор Филиповски – тапани
Европска промоција на албумот „Click Right Here“ од Ори Даган (Ori Dagan), од Канада. Ори Даган е победник на натпреварот за текстописци и композитори „The Great American Song Contest “. Тој е џез вокалист, кој настапува со многубројни северно американски ансамбли изведувајќи џез класици и авторски композиции.
Во Скопје ќе настапи со врвни џез музичари од Македонија, а концертот е во продукција на „Канадскиот Музички Центар“ при Полифониа и „Davorius Productions“.
Ори Даган е џез пејач и текстописец, кој има привлечено публика, не само од своето родно место Торонто, Канада, туку и ширум светот. Во се што прави внесува иронија и агилност, дали е тоа кога треба да протолкува некој стандард или пак кога ја претставува својата оригинална музика и текст. Неговиот бас-баритон е уникатен; неговиот саркастичен начин на пишување песни може да се поврзе со Нет Кол, Боб Дороу и Дејв Фришберг.
Во 2022 година го издава својот нов албум „Click Right Here“, комична сатира за дигиталната ера на животот, кој содржи октет и е режиран од врвниот гитарист Нејтан Хилц. Неговите претходни албуми, „S’Cat Got My Tongue“(2009) и „Less Than Three <3“(2012), го зацементирале неговиот напредно размислувачки и артистички глас. Во 2017 година, со подршката на повече од 200 учесници, го прави визуелниот албум „Nathaniel: A Tribute to Nat King Cole“, кој е прв од овој тип во жанрот, џез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.