Во Македонскиот културно информативен центар во Загреб, Хрватска, вечер ќе настапи Скопскиот дувачки квантет. На програмата ќе бидат дела од Хајдн, Фаркас, Бизе, Агостини, Г.Смокварски -Тешкото.
Скопскиот дувачки квинтет постои повеќе од четириесет години и претставува дел од една традиција на камерна дружба меѓу плејада македонски уметници од дувачката фела. Овој камерен состав во текот на своето постоење изведува дела од светската ризница како и дела од македонски автори, некои и специјално напишани за овој ансамбл.
Скопскиот дувачки квинтет гостува на манифестациите Охридско лето, Денови на македонска музика, Скопско лето како и во Словенија, Хрватска, Босна, Бугарија, Австрија, САД, Русија, Израел, Полска, Србија, Црна Гора и Косово.
Во 2019 година Скопскиот дувачки квинтет ја доби наградата „Златна лира” највисоко признание кое го доделува Сојузот на музички уметници на Македонија за животно дело и врвни уметнички резултати. Изминатите години Скопскиот дувачки квинтет реализира голем број радио и тв записи како и два компакт диска 2010 и 2014 година, со изведба на дела од светската ризница и македонски автори.
Сегашниот состав го сочинуваат познати македонски уметници – членови на Камерниот оркестар Скопски солисти, Македонската филхармонија и Македонската опера – Марија Јакимовска – флејта, Васил Атанасов – обоа, Ристо Ѓоревски – кларинет, Орце Ицковски – фагот и Александар Гошев – хорна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.