Друштвото на ликовни уметници на Македонија годинава успешно ја реализираше годишната програма во рамките на која пред ликовната јавност во државата и надвор на меѓународната сцена се претстави со бројни изложби. Како што посочува Јана Манева-Чупоска, претседател на ДЛУМ, сите проекти ја исполнија целта, претставување на македонската ликовна сцена во најдобро светло.
Годинава две изложби претставивме во две земји, во Полска, поточно во градот Варшава, како и во Хрватска, во Загреб. Во Варшава организацијата беше на македонскиот амбасадор Илија Псалтиров, кој навистина се потруди достојно и професионално да го презентираме македонското ликовно творештво преку изложбата „Експериментален цртеж“. Изложбата се реализираше во културниот центар Виланов во Варшава каде што длумовата изложба беше дел од официјалната програма „30 години билатерални односи помеѓу Република Македонија и Република Полска. На самото отворање бев присутна заедно со наградената учесничка од изложбата „Експериментален цртеж“, ликовната уметница од Кочани, Марија Мицова-Гацова и техничко лице и ликовен уметник во ДЛУМ, Дејан Иванов Маргуш. Организацијата на амбасадорот Псалтиров беше беспрекорна. Навистина искрени честитки за неговиот ангажман за целосната негова организација каде што беа присутни голем број амбасадори од други земји кои имаа можност одблизу да се запознаат со нашата ликовна сцена. Договоривме и многу голем број на нови случувања, изложби за следната година и секако, новите контакти се секогаш еден од начините за продолжување на соработката“, истакна Манева-Чупоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.