Синиша Кашавелски е меѓу Топ 10-те реалисти во светот, изложувал во Франција, Германија, Италија, Њујорк, Сингапур, во Пекинг во галерија која е меѓу најпрестижните во светски рамки, буквално нема земја каде што немал изложба или свое дело. Апсолутен победник е на бројни интернационални конкурси како што е Marchionni Prize“ во Сардинија, Италија, Гран при на „Art Eхpo“ во Венеција, Jumbish World Art Competition во Индија со делото „Судбоносно време“ кое е наградено и во Рим и Америка и многу други. Најновото признание кое уметникот го доби деновиве, пак, е специјалната награда Artelibre на ModPortrait Contest, а награденото дело оди на изложбата на финалистите на Европскиот музеј за модерна уметност MEAM во Шпанија.
Неговиот невообичаен професионален успех почнува пред 12 години кога домашната уметничка фела ќе му каже „не“ и ќе го одбие неговото пријавено дело на Зимскиот салон во 2012 година во Скопје. Но, затоа, пак, Зимскиот салон во Париз, Art Capital, еден од најголемите и најстари во светот, со традиција од над 200-300 години и со учество на над 2.000 уметници, ќе го препознае и награди талентот на кумановскиот сликар.
Интересно е што во Париз конкурирав со истата слика која ја одбија на македонскиот зимски салон и добив бронзена награда. Бев шокиран од самото тоа што влегов на изложбата и бев селектиран да го изложам своето дело, а не пак што добив и награда. Затоа, ова го сметам за почеток на мојот интернационален успех. Потоа, следуваа сребрената, па златната награда, и оттогаш редовно изложувам во Парискиот зимски салон“, вели Кашавелски во разговор за Кумановоњуз.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.