Музичарите од оркестарот на Македонската филхармонија и на синоќешниот концерт “Звукот на новата генерација” носеа црвени ленти во знак на протест, бидејќи Министерството за култура се’ уште не ја промени одлуката за просторно сместување на втора институција во концертната сала, наменски изградена да ги задоволи потребите на единствениот симфониски оркестар во земјата.
-Нашиот протест продолжува се до конечната промена на одлуката – рече концерт мајсторот Анна Кондратенко, пред почетокот на концертот.
Вработените во Филхармонија протестираат веќе три месеци, а Министерството за култура молчи и целосно ја игнорира нашата борба. Со игнорирање на проблемите не се намалува штетата, напротив уште повеќе се продлабочува. Со негирање и непочитување на најважните институции од културата, државата покажува каков е нејзиниот однос кон традицијата и трајните вредности создавани со децении од генерации уметници кои животот го оставиле на сцената.
Протестите на вработените во Македонска филхармонија ќе продолжат и следната недела, пред Владата на РСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.